ВИДЕО: Ленард и Џорџ ја „растурија“ Јута, Атланта ја доби драмата со Филаделфија!

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс не дозволија „брејк“ и со две победи ја израмнија серијата против Јута Џез, откако ноќеска во „Стејплс Центар“ победија со 118-104. 

  • ЛА Клиперс - Јута Џез: 

Клиперси целосно го надиграа ривалот, доминираа во текот на целиот натпревар и имаа убедливо водство. Иако Џез на крајот делумно се врати, не успеа да ја пробие двоцифрената маргина и загуби за 2-2 во полуфиналната конференциска серија. Донован Мичел блесна во Калифорнија со 37 поени, ама ја немаше посакуваната поддршка од соиграчите. Кај домаќинот со по 31 поен се истакнаа Пол Џорџ кој надоврза и девет скокови, како и Кавај Ленард кој собра две топки помалку. 

Серијата на овие два тима продолжува ноќта меѓу среда и четврток во Јута. 

До израмнување во серијата дојде и Атланта, откако на свој терен ја доби Филаделфија со 103-100. Иако гостите во „Стејт Фарм Арена“ подолго водеа, имаа резултатска контрола речиси три четвртини, на крајот паднаа и загубија од Хокси. 

  • Атланта Холс - Филаделфија 76ерс:

Треј Јанг имаше своја вечер, со 25 поени го предводеше тимот, ама собра и неверојатни 18 асистенции, а му помогна Богдановиќ со 22 поени. Страшна партија имаше и Џоел Ембид, покрај 17-те поени успеа да фати и 21 скок, но тоа беше недоволно на крајот за победа на неговата екипа.