Победата на ПСЖ во Лига Купот му донесе европски фудбал на Ремс по 57 години! 

ПСЖ во петокот славеше по големи тешкотии и по подобро изведување на пенали во финалето на Лига Купот на Франција. Откако победен беш Лион, Франција добив нов патник во Европа.

По последниот пенал на Сарабија и крајот на споменатото натпреварување, Ремс започна да слави. Со триумфот на париската екипа над Лион, Ремс кој заврши на шестото место во прекинатата сезона на францускиот шампионат, се избори за место во следното издание на Лига Европа. Ремс кој оствари еден бод предност на крајот на првенството од тимот Руди Гарсија, подобро се пласира и од Монпелје и Монако.

Клубот од северо-исток на Франција ќе започне од второто квалификациско коло на Лига Европа. Ремс ќе игра првпат во 57 години во еден европски натпревар. Последниот дуел кој го одигра го Ремс беше натпреварот против Феенорд на 13 март 1963 година во четвртфиналето на Купот на шампионите. Актуелниот тренер Дејвид Гион во тоа време дури и не беше роден, а на претседателот Жан-Пјер Каило му го подготвуваа вториот роденден.

Сега, по повеќе од половина век, нивниот клуб ќе почувствува дел од европскиот престиж, а можеби и ќе остави сериозна трага.