Победа од педесет разлика на Крива Паланка во Делчево

Без многу дилеми и изненадувања се одигра дуелот од осмото коло на Првата женска кошаркарска лига. Во салата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево, првопласираната екипа на табелата, Крива Паланка беше доминантна против последнопласираниот Патриот 2016 и го совлада со 53-103.

Со 22 поени Пул беше најефикасниот играч во гостинската екипа, која ја запиша седмата победа во осум одиграни натпревари. Два поени помалку постигна Ниехуес, Груевска заврши со 18 поени, додека Грин запиша 16.поени. Во екипата на Патриот 2016, Атанасовска уфрли 13 поени, Стојменовска впиша 11, а Атанасова беше автор на 10 поени.

Денес на програмата се и останатите два натпревари од ова осмо коло. Во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, Баскет кам ја дочекува екипата на МЗТ Бела вода, додека во Неготино ќе играат Спорт тим и Вардар.