По заминувањето од ПАО, Радоњиќ презеде амбициозен турски клуб

Без работа беше од февруари кога се раздели со Панатинаикос, а сега ѝ се врати на кошарката. Црногорскиот стратег Дејан Радоњиќ е нов шеф на стручниот штаб на Бахчешехир, со кој потпиша договор на година и пол.

Клубот од Истанбул моментално е седми во турската Суперлига, односно во зоната која води во плеј-офот.

Бахчешехир наводно има големи планови и влез во Евролигата, па дури се споменува и спојување со Бешикташ. Овој клуб својот најголем успех го постигна во Еврокупот на ФИБА, кој го освои пред две сезони.

Радовиќ, покрај Панатинаикос, ги водеше Будуќност, Црвена Звезда и Баерн Минхен.