• Иван Димовски
Ерата на Ергин Атаман во Панатинаикос заврши по три сезони, откако грчкиот гигант официјално потврди дека турскиот стратег повеќе не е тренер на тимот.
Според грчките медиуми, Атаман и сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос, постигнале договор за спогодбен прекин на соработката. Турскиот стручњак пристигна во Атина во 2023 година и за кратко време го врати Панатинаикос на европскиот врв, освојувајќи ја Евролигата во 2024 година, како и титулата во грчкото првенство и два национални купа.
Сепак, по разочарувачката сезона 2025/26, во која клубот не стигна до завршниот турнир во Евролигата и загуби во финалето на грчкото првенство во пет меча, двете страни решија да се разделат.
Thank you, Ergin! #paobcaktor pic.twitter.com/FDXTWaMicV
— Panathinaikos BC (@Paobcgr) June 15, 2026
Атаман важи за еден од најдобрите европски тренери во последните години, а пред Панатинаикос освои две последователни титули во Евролигата со Анадолу Ефес.
