По само пет меча за Нетси: Олдриџ оди во пензија поради срцеви проблеми

Ветеранот ЛеМаркус Олдриџ тукушто пристигна во редовите на Бруклин Нетси, одигра пет натпревари за новиот клуб, но сега е приморан да стави крај на кариерата. 

Искусниот кошаркар се обрати до фановите, ја објасни својата одлука. Имено, Олдриџ на последниот натпревар играл со неправилна срцева работа која била откриена по мечот. Тој се чувствувал поинаку и бил прегледан, па поради тоа беше приморан на ваков чекор. 

Олдриџ седум пати беше дел од НБА Ол-стар натпреварите, настапуваше на центарските позиции и најголем дел од кариерата мина во Портланд, каде што е лидер во параметрот скокови во целата тимска историја. Од 2015 до годинава го носеше дресот на Сан Антонио, додека се очекуваше да биде искусно засилување за ротацијата во Нетси. 

Најнови вести од
НБА, САД