По „нотите“ на Рубио „фуријата“ се чекира во мундијалското полуфинале

Носени од плејмејкерот Рики Рубио, шпанската кошаркарска репрезентација обезбеди полуфинале на Светското првенство во Кина. Во натпревар во кој беа големи фаворити, избраниците на Серџо Скариоло ја совладаа Полска со 90-78. Во текот на сите 40 минути „фуријата“ доминираше и се наоѓа на чекор на уште еден медал. 

  • Извештај од натпреварот: 

Рубио и Гасол од самиот почеток наметнаа цврста одбрана, полските центри не можеа да парираат, па предноста се движеше меѓу 8 и 12 разлика. На почетокот од четвртиот период полската селекција се доближи на -4, но тогаш Шпанија оствари серија 9-0 за финална победа од 12 разлика.

Најефикасни во шпанската селекција беа Рубио со 19, Вили Хернангомез со 18 и Руди Фернандез со 16 поени (пет тројки од пет обиди). Кај Полска се истакнаа Слотер со 19 и Вачински со 15 поени.

  • Играч на натпреварот: 

Противник на шпанската селекција ќе биде победникот од утрешниот дуел меѓу Австралија и Чешка. За Полска и ова четвртфинале е најголем успех во историјата на Светските првенства и оваа селекција уште има реални опции за пласман на Олимписките игри.

Утре се играат последните четвртфинални натпревари во кои се среќаваат Франција - САД и Австралија - Чешка.