По неполни два месеци Заре Марковски си замина од Естра Пистоја

Кратко траеше авантурата на еден од најпознатите македонски кошаркарски стручњаци, Заре Марковски во тимот на Естра Пистоја Баскет 2000.

Марковски, кој има огромно искуство особено на Апенините, имаше договор до крајот на сезоната, но нивната соработка траеше само нешто помалку од два месеци.

Македонецот на клупата на Естра Пистоија дојде на почетокот од ноември, но поради лошите резултати на тимот во последниот период ваквиот расплет на настаните беше за очекување. 

Од Естра Пистоија информираа и дека на местото на Заре Марковски веќе е именуван нов тренер, селекторот на Унгарија - Гашпер Окорн.