• Мартин Танасковски
Германските репрезентативци ќе бидат наградени со парични бонуси за големиот успех на Европското првенство. Според информациите на германскиот весник „Билд“, секој играч ќе инкасира по 30.000 евра премија за освоеното злато.
Планот на федерацијата бил предвиден уште пред турнирот: во случај на пораз во финалето секој кошаркар би добил по 25.000 евра, додека бронзениот медал би носел бонус од 20.000 евра.
Со оваа одлука, раководството на германската кошаркарска федерација сака да ја награди посветеноста и квалитетните настапи на репрезентативците. Истиот систем на награди е предвиден и за женската репрезентација на Германија, која во 2026 година ќе настапи на Светското првенство на домашен терен.
Германија до титулата стигна по драматична победа над селекцијата на Турција со резултат 88-83. Голема улога во триумфот имаше Денис Шредер, кој беше прогласен за најкорисен играч на шампионатот.


