По година и пет месеци Зион Вилијамсон се врати на НБА терените

Младата НБА ѕвезда и прв пик на НБА драфтот во 2019 година, Зион Вилијамсон конечно се врати на терените.  

За време на припремните натпревари, 22-годишникот кој игра на центарските позиции имаше кам-бек во победата на Њу Орлеанс над Чикаго (129-125). Вилијамсон по пауза од 518 дена пак заигра кошарка, бидејќи последен пат беше на терените на четврти мај 2021 година. 

По година и пет месеци, Вилијамсон ноќва доби шанса да настапи нешто повеќе од 15 минути, за нив запиша 13 поени, четири скока и асистенција. Ова се одлични вести за Пеликанси, бидејќи Вилијамсон ја пропушти цела мината сезона, па сега доаѓа како големо „засилување“ во пресрет на следната.