По две години Стајиќ се врати во екипата на МЗТ Скопје

Бобан Стајиќ

Младиот Бобан Стајиќ денес потпиша едногодишен со актуелниот македонски првак МЗТ Скопје и се врати во ростерот на „металците“ по две години поминати во Фени Индустри.

Тој е второто засилување за тимот од Аеродром, по доведувањето на репрезентативецот Дамјан Стојановски. Повратникот во сино-белиот дрес зад себе има настап и на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, за младинци во 2012 година на кое во просек реализираше 11.4 поени и по 4.4 скока и асистенции.

За Стајиќ ова всушност е враќање во добро позната средина, со оглед што веќе беше член на МЗТ и тоа во периодот од 2013 до 2015 година.