По 14 години миленикот на навивачите на Њујорк Никс се враќа во „Гарден“

Џереми Лин по цели четиринаесет години ќе се врати во „Медисон Сквер Гарден“ како навивач, откако потврди дека ќе присуствува на третата и четвртата натпревар од НБА финалето меѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс.

Поранешниот плејмејкер на Никси, кој во сезоната 2011/12 предизвика вистинска кошаркарска еуфорија позната како „Линсени“, откри дека за првпат по заминувањето од клубот ќе гледа натпревар од трибините.

„Се враќам во Гарден како навивач за првпат. По заминувањето од Никси играв против нив повеќе пати, но никогаш не сум бил во салата како гледач. Ова ќе биде моето прво враќање во Гарден по четиринаесет години, а да не сум на спротивната страна. Со нетрпение ги очекувам третиот и четвртиот натпревар“, изјави Лин.

Лин во февруари 2012 година стана една од најголемите спортски приказни во Америка. Како недрафтиран кошаркар од Харвард доби шанса во Њујорк и за само неколку недели стана миленик на навивачите, предводејќи ги Никси до серија победи и привлекувајќи огромно внимание ширум светот.