• Саше Љолес
Плејмејкерот на Јута Џез, Ајзеа Колиер, одигра спектакуларна партија во победата над Индиајна со 131-122. Тој заврши со 22 асистенции, со што постави личен рекорд и влезе во историјата како најмлад кошаркар што успеал да „подели“ минимум 20 асистенции на еден натпревар.
Колиер ги одигра сите 48 минути и забележа 17 поени и 5 скокови, водејќи ја играта на „џезерите“ како вистински диригент во нападот. Последен играч што успеал да забележи 20 или повеќе асистенции во овој дрес, беше легендарниот Џон Стоктон, кому ова му појде од рака во доцните деведесетти години.
Играта на Колиер беше поздравена од публиката во салата, а одличната партија на Јута ја комплетираа и сите негови соиграчи, кои успеаја да впишат двоцифрен број поени.






