Плејмејкер со НБА искуство замена за повредениот Ларкин во Ефес

Анадолу Ефес веројатно не може да си дозволи уште долго да биде без главен плејмејкер, бидејќи кам-бекот на Шејн Ларкин не е на повидок. Бидејќи се работи за клучен дел од Евролигата, двократниот првак се реши за замена. 

Ново име во ростерот е Ајзеа Тејлор кој ќе ја креира играта на Ефес во следниот период. Се работи за 28-годишник кој во кариерата има и НБА искуство. Тејлор потекнува од универзитетот во Тексас, па во најсилната лига дебитираше во Хјустон Рокетс. Потоа беше член и на Атланта, пред да заигра за Макаби Ришон и Мурсија, од каде доаѓа во Ефес. 

Минатата сезона за Мурсија во 34 натпревари на Ендеса лигата бележеше просек од 15,2 поени, со што се препорача во Анадолу Ефес. Дури и по враќањето на Ларкин на терените, Тејлор ќе биде сериозно засилување за ротацијата на европскиот првак до крајот на сезоната.