„Пиварите“ го назначија наследникот на Ергин Атаман

Реконструкцијата во таборот на турскиот шампион, Анадолу Ефес официјално започна.  Испразнетото место на Ергин Атаман, кој од следната сезона ќе го води грчки Панатинаикос, ќе го пополни Ердем Џан, тренерот на Турк Телеком.

Џан ја започна својата тренерска кариера во Турк Телеком како асистент, па две години самостојно раководеше со Ескишехир, а во Фенербахче беше асистент на Жељко Обрадовиќ. Кратко работеше како помошник тренер во тимот на Јута Џез.

Џан минатата сезона стигна до финалето на Еврокупот и беше прогласен за најдобар тренер на тоа натпреварување.

„Пиварите“ ја освоија титулата со лесна финална серија токму со Турк Телеком, воден од Ердем Џан.