„Пиварите“ доведоа екстра засилување: Синглтон една година кошаркар на Анадолу Ефес

Американското крило Крис Синглтон потпиша договор со турскиот првак и во следната сезона ќе го носи дресот на Анадолу Ефес. 29-годишниот Американец за првпат во кариерата ќе настапува во шампионатот на Турција, откако минатата сезона ги бранеше боите на шпанската Барселона.

Синглтон настапуваше за Панатинаико и Локомотив Кубан во Русија. Во договорот на кошаркарот и „пиварите“ вметната е клаузула дека соработката може да се продолжи за уште една година, ако двете страни се согласни на тоа следното лето. 

Некогашниот кошаркар на Вашингтон минатата сезона бележеше во просек 8,0 поени, 4,4 скока и 1,1 украдена топка по натпревар за екипата на Барселона.