• Симеончо Стоиков
Александар Костоски со својот тим Питешти, запиша нова победа, во последниот натпревар од 18. коло од романското првенство, славејќи по голем пресврт и во продолжение над Крајова со резултат од 101-99.
Гостинот на овој натпревар, иако беше апсолутен аутсајдер, му направи доста проблеми на фаворизираниот тим на Питешти, откако мечот беше решен дури по дополнителни пет минути игра. Крајова скоро цел меч беше во водство, на полувреме дури и со +12 (46-58), за на крај среќата дас им се насмевне на тимот на Костоски.
Македонскиот интернационалец во денешниот меч имаше најголема минутажа во својата екипа, одигра скоро 41 минута, период за кој забележа ефект од 13 поени (2/3 за два поени, 2/5 за три поени и 3/4 од линијата за слободни фрлања), а придодаде и 5 скока и 8 асистенции.