• Зоран Мишевски

Американскиот кошаркар Дерик Вилијамс потпиша едногодишен договор со Панатинаикос, соопшти грчкиот клуб.
31-годишниот Вилијамс минатата сезона играше за Макаби. Во Евролигата која заврши на крајот од мај, имаше просек од 9,4 поени и 3,1 скока по натпревар на 35 натпревари.
Пред Макаби, американскиот кошаркар настапуваше за Валенсија, Фенербахче, Баерн, Лос Анџелес Лејкерс, Тијанџин, Кливленд, Мајами, Њујорк, Сакраменто и Минесота.
Вилијамс е петтото засилување на Панатинаикос во летниот преоден рок по Панајотис Калацакис, Парис Ли, Мариус Григонис и Нејт Волтерс. Грчкиот клуб во следната сезона ќе го води поранешниот тренер на Црвена звезда, Црногорецот Дејан Радоњиќ.