Петто место како награда за одличниот турнир на Летонците

Кошаркарската репрезентација на Летонија го освои петтото место на Мундобаскетот, совладувајќи ја Литванија со 98-63. Со оваа победа, Летонците го крунисаа одличниот турнир на кој ги надминаа сите очекувања и беа голем проблем за европските големци. 

Уште на стартот Летонија успеа да се наметне, па во првата четвртина поведе двоцифрено. До полувремето Литванците се обидуваа да се вратат, ама разликата котираше околу двоцифрената маргина, а на одмор се замина со 49-38. 

Веќе во второто полувреме следеше целосен распад на Литванија. Тоа ривалот максимално го казни и до врв го наполни нивниот кош. Летонија поведе со високи 32 поени разлика во третиот период. Последната четвртина беше само формалност, во него Летонците и дополнително се одлепија, пред завршницата имаа огромни 38 поени предност. 

Најефикасен на средбата беше Куруч со 20 поени, три повеќе од Смитс. Кај Литванија се истакна Јокубаитис со 16, а 15 уфрли Валанчиунас.