Петровски и синот Лука си заминаа од Тирана!

Македонскиот тренер Слободан Петровски повеќе не е предводник на албанска Тирана.

Петровски тргна солидно во албанскиот клуб, во домашното првенство не забележа ниту еден пораз, додека во БИБЛ каде тимот е дебитант има една победа. Но, и покрај тоа, раководството на клубот решило да ја раскине соработката со него, а за нов тренер да го назначи црногорскиот стратег Никола Милатовиќ, за кого Албанија е добропознат терен затоа што минатата сезона ја водеше екипата на Теута.

Покрај Слободан, од тимот на Тирана си замина и неговиот син Лука Петровски.