Петровиќ: Реалноста е таква, Партизан е евролигашка екипа

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје не успеа да направи подвиг. На домашен терен „штрковите“ загубија од Партизан Mozzart Bet (74-92), а по натпреварот, тренерот Александар Петровиќ направи анализа на средбата.

По дуелот во СЦ „Јане Сандански“, тренерот на аеродромци потенцира дека противнокот бил далеку подобар и му честита за успехот во Скопје.

„Лошо го отворивме мечот, во првата четвртина имавме девет постигнати поени. Ние имавме проблем пред се со скоковите и шутот. Не е дека ние немавме офанзивни скокови, но кога дојдовме на десет разлика, противникот имаше доста добар офанзивен скок и преку Нанали, Партизан пак ја врати високата разлика. Не можам да не бидам задоволен од играчите и нивното залагање на терен. Во моментов Партизан е евролигашка екипа, распоредот ни е доста тежок. Противникот покажа една доминантна игра во напад и тука ја гледам причината за поразот. Партизан има одличен тим и е предводен од најдобриот тренер во светот. Јас искрено им посакувам да освојат АБА-лига и Евролига ако можат“, изјави Петровиќ.

Следен натпревар за МЗТ Скопје во регионалната АБА-лига ќе биде на гостински терен во Црна Гора, каде се патува кај еден од фаворитите оваа сезона, Будуќност.