Петровиќ поднесе оставка во Пелистер, нов тренер ќе биде Митев?

Македонскиот кошаркарски стратег Александар Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер откако овој искусен стратег си поднесе оставка од функцијата по поразот на гостувањето против Куманово.

Петровиќ пристигна на чело на стручниот штаб во текот на летото и му беа обезбедени максимални професионални услови за извршување на функцијата. Тој во целиот овој период ја имаше поддршката на раководството, но донесе одлука да се повлече од кормилото, соопштувајќи ја истата на кошаркарите по последниот меч одигран во Куманово.

Кошаркарскиот клуб Пелистер јавно му се заблагодарува на Петровиќ за максималниот професионализам и посветеноста во овој период. Нов тренер Пелистер ќе назначи наскоро, а според информациите на Gol.mk до потпис со клубот најблиску е македонскиот стратег Боби Митев.

Се работи за 52-годишен стратег кој последно работеше во Азербејџан каде го водеше Сабах, а беше тренер и на Ангели, Кожув, МЗТ Скопје, Карпош Соколи. Башкими... има и богато искуство како асистент, во редовите на Партизан, Монако, Банвит...