• Зоран Мишевски

На премиерниот меч од турнирот во Широки Бријег, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беа поуспешни од домаќинот и славеа со 78-91. На две кола до крајот на регуларниот дел, стигнаа на делба на првото место на табелата во АБА 2 кнкуренцијата.
По изедначеното прво во кое водеа со 42-38, „металците“ имаа одлично второ полувреме во кое ги тргнаа дилемите дека се подобра екипа од Широки.
Тренерот Александар Петровиќ е задоволен од изданието на своите кошаркари.
„Им честитам на моите кошаркари за одличната партија, се што се договоривме и во нападот и во одбраната, тие исполнија. Ја имавме контролата над скокот и резултатот во сите 40 минути и тука ги гледам причините за нашата победа вечерва.
Ѝ честитам и на екипата на Широки за одличната игра, како и на публиката која беше максимално коректна“, рече Петровиќ.
В петок од 18:00 часот Борац Бања Лука ќе биде следниот ривал на „штрковите“ во јадранското друштво.