• Редакција Gol.mk
Новата кошаркарска сезона во Македонија е предвидена за крајот на септември и почетокот на октомври, а кон средината и крајот на август нашите клубови ќе започнат со тренинзи за искушенијата во шампионатот, Купот и Суперкупот на домашната сцена, а за три клуба и во АБА2 лигата.
Вицешампионот Пелистер, со новиот тренер Александар Петровиќ, ќе започне со тренинзи на 14 август во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. До овој момент битолчани се засилија со Димитар Пандев, Брајан Антоан, Виктор Ташовски, Андрија Бојиќ и Бобан Стајиќ. Сепак, предвидени се уште неколку нови имиња, посебно на центарските позиции.
Првиот официјален натпревар е Суперкупот на Македонија против МЗТ Скопје.
Во АБА2 лигата пелистерци првиот натпревар го играат во Битола на 24/25 септември против претставникот на БиХ, Широки.