Петровиќ: Ја имавме победата во раце ама тоа е спортот, целта е исполнета

Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија во финалето на АБА2 лигата од Златибор Чајетина (78-73). Сепак, избраниците на Александар Петровиќ веќе се пласираа во елитното друштво на Јадранската лига, а по натпреварот стручњакот го изнесе своето мислење. 

„Честитки за екипата на Златибор. Лошо влеговме во натпреварот, дадовме предност од 20 разлика, а потоа се вративме. Ја имавме средбата, Мекиќ промаши зицер за титулата, ама тоа е спортот. Во продолжението веројатно психички паднавме и не стигна заморот. 

Имаме уште за играње во првенството, за следната сезона ќе видиме. Најважно е што ја исполнивме целта и се вративме во елитната АБА лига“, изјави Петровиќ. 

Златибор иако го освои трофејот во АБА2 лигата, ќе мора да игра бараж двомеч со најлошо пласираниот српски тим во првата АБА.