• Иван Димовски
Македонскиот кошаркарски вицепрвак Пелистер загуби во тесен дуел со Џокер (77-81) во третото коло на АБА-2 лигата. По вториот пораз во низа пелистерци се во тешка позиција на табелата.
По натпреварот тренерот на пелистерци Александар Петровиќ кажа:
„Противникот имаше седумнаесет скокови повеќе од нас, тоа се седумнаесет напади повеќе и нормално дека тука лежи причината за поразот. Штета за оваа шанса која ни се укажа, имавме многу отворени шутеви, промашивме и бевме брзоплети во нападите во финишот“.
Своето мислење за одиграното против српскиот тим го изнесе и искусниот плејмејкер Бобан Стајиќ.
„Факт е дека Џокер е квалитетна екипа и имаат кошаркари кои играле на повисоко ниво, но денес имавме своја шанса за победа. Се наоѓаме во една мала криза, отсуството на Бојиќ си го направи своето, иако тоа не треба да биде алиби. Имавме лош шутерски дел, промашивме многу отворени шутеви, многу зицери и може да кажеме дека заслуживме повеќе. Нијанси одлучуваа и ние не одговоривме како што треба“, изјави Стајиќ.
По три рунди Џокер е прв со исто толку победи, а во следното коло Пелистер гостува токму таму. Подгорица има две победи и пораз на второто место, додека македонскиот тим е на пораз и два порази