Пети Милс измамен: Му соопштиле дека е во идеалната петорка, па извисил

Најдобриот австралиски кошаркар, Пети Милс се чувствува измамено, откако Австралиската кошаркарска федерација го информирала дека ќе биде вметнат во идеалната петорка на Мундобаскетот, но од непознати причини, тој не се нашол меѓу избраните. 

Милс играше фантастично на Мундобаскетот, имаше просек од 22,8 поени, 2,3 скока и 3,9 асистенции по натпревар, со Австралија дојде на чекор од медал, си замина дома со две големи разочарувања и со празни раце.

Во идеалната петорка на Мундобаскетот во Кина се најдоа Рики Рубио и Марк Гасол од Шпанија, Србинот Богдан Богдановиќ, Французинот Еван Фурние и Аргентинецот Луис Скола, додека Милс извиси.