Петар Наумоски влегува во Бордот на ФИБА Европа?

Првиот човек на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумоски е предложен за член на главната институција во европската кошарка, Бордот на ФИБА Европа.

На последниот состанок на Управниот одбор при МКФ, Наумоски е предложен за член на Бордот на ФИБА Европа. Исто така, тука е и генералниот секретар Моника Гаврилоска која е предложена за член на комисијата за младинска кошарка, како и Ѓорѓи Пиперков, кој е предложен за член на Техничката комисија.

Пред Наумоски, обид да стане дел од ФИБА Европа имаше и некогашниот прв човек на МКФ, Даниел Димевски, но тој не успеа во намерата.