• Мартин Танасковски
Далас Маверикс продолжува со потрагата по нов шеф на стручниот штаб по заминувањето на Џејсон Кид, а според американските медиуми клубот веќе има потесен список од неколку кандидати.
Новинарот Марк Стајн објави дека раководството на франшизата разгледува пет тренерски имиња кои би можеле да седнат на клупата на тимот за следната сезона.
Меѓу кандидатите се Мајка Нори, актуелен помошник-тренер во Минесота Тимбервулвс, како и Ројал Ајви од стручниот штаб на Хјустон Рокетс.
Во конкуренција се и Џама Малахалела од Торонто Репторс, Тони Добинс од Бостон Селтикс, како и искусниот Тери Стотс, кој зад себе има богато НБА искуство како главен тренер на Атланта Хокс, Милвоки Бакс и Портланд Трејл Блејзерс.
Според истите извори, Далас првично покажал интерес и за тренерите од колеџ-кошарката Дасти Меј од Мичиген и Џон Шајер од Универзитетот Дјук, но разговорите не напредувале подалеку од почетната фаза.
