Пет Рајли има пеколен план, доаѓа Ленард за напад на титулата

Ленард

Актуелниот вицешампион во НБА лигата, Мајами Хит, планира да приреди едно големо засилување во текот на летниот период.

Каваи Ленард, кој ќе биде слободен агент, е на мета на „жешките“. Пет Рајли во него гледа како идеална алтернатива за формирање ударно трио, заедно со Бам Адебајо и Џими Батлер.

Според последните информации, интересот за соработка е обостран. Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс не гледа иднина во клубот и речиси сигурно ќе си замине, ако и оваа сезона остане без титулата.

Бруклин се засили со неколку ѕвезди, се шпекулира дека ЛА Лејкерс ќе тргне по Стеф Кари, па тоа ќе го натера Ленард да бара средина која ќе му овозможи најголеми шанси за успех.