Пескара очекува блесок на кошаркарскиот бисер Рубин Стефанов

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Рубин Стефанов, се подготвува за новата сезона со италијанска Пескара, а очекувањата кај раководството за него се големи оваа година.

Во најавата за новата сезона за екипата на Пескара, во италијанските медиуми се пишува дека во Рубин Стефанов се гледа како еден од младите играчи кои имаат способности да бидат важен дел од тимот на Пескара. Името на Стефанов се споменува и како потенцијално изненадување во шампионатот.

Стефанов е роден во 2005 година, а во Пескара дојде пред месец дена и го потпиша првиот професионален договор. Македонецот во сениорскиот тим ќе игра во Втората лига на Италија, а исто така ќе биде на располагање и на младинците.

Рубин Стефанов важи за голем кошаркарски потенцијал, а беше дел и од сениорскиот тим на Македонија кога селектор беше Драган Бајиќ.