Пешиќ: САД не е повеќе главен фаворит за златото на СП во Кина

Светислав Пешиќ, тренерот на Барселона и поранешен селектор на Србија, смета дека САД не е повеќе најголем кандидат за освојувањето на златниот медал на Мундобаскетот. 

Кошаркарската легенда верува во избраниците на Александар Ѓорѓевиќ и смета дека можат да го повторат големиот успех од собирот во Индијанаполис во 2002 година. 

„Очигледно е дека САД не е повеќе најголем фаворит за златниот медал на Светското првенство, но е еден од фаворитите. Откажувањата на главните кошаркари е голем проблем за Попович, но и голема предност за останатите селекции. Според мене, први фаворити се Шпанија, Србија и Грција“, вели Пешиќ. 

Светското првенство во Кина започнува на 31 август, Србија е во група со Италија , Ангола и Филипините, додека САД ќе се судри со Турција, Чешка и Јапонија