Пешиќ објави список за ЕП без Богдановиќ, Покушевски и Јовиќ

Српскиот селектор Светислав Пешиќ го објави списокот на кошаркари за Европското првенство. Најзвучни отсуства се Никола Јовиќ и Алексеј Покушевски. Нивните НБА екипи не им дозволија да играат на претстојниот континентален собир.

Список на Србија за Евробаскетот: Милош Теодосиќ, Немања Бјелица, Владимир Лучиќ, Никола Калиниќ, Василије Мициќ, Никола Милутинов, Никола Јокиќ, Немања Недовиќ, Марко Гудуриќ, Дејан Давидовац, Огњен Јарамаз, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќиќ, Алексаниќ, Филип Петрушев и Ален Смаилагиќ.

За Србија нема да игра ниту Богдан Богдановиќ. Членот на Атланта Хокс се опоравува од повреда на коленото и нема да биде подготвен да ѝ помогне на својата репрезентација.

Србите на Евробаскетот ќе играат во група со Холандија, Полска, Финска, Чешка и Израел.