Пешиќ: Нено е талентирано момче, видовте како игра одбрана против најдобриот во Европа

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлично издание во Белград, и беше еден од најзаслужните за големата победа на Баерн Минхен над Црвена Звезда во Евролигата. 

По средбата стратегот на германскиот тим Светислав Пешиќ го пофали плејмејкерот од Македонија, истакнувајќи дека се работи за исклучително талентирано момче.

„Тој е исклучително талентирано момче. Најважните години во кариерата ги мина во Бадалона, и секогаш го покажуваше талентот. Нему му треба добри тренинзи, а ка мене се тренира. Видовте како играше одбрана против најдобриот напаѓач во Европа. Тој е исклучителен играч, среќни сме, но и тој е среќен“, изјави Пешиќ. 

Димитријевиќ натпреварот со Црвена Звезда го заврши со единаесет поени и по четири скока и асистенции.