Пешиќ: Не провоцирам, ама Србија и Германија заслужија олимписко финале

Селекторот на српската кошаркарка репрезентација, Светислав Пешиќ, даде интересна изјава со која малку ги „пецна“ селекциите на САД и Франција, кои ќе играат во мечот за златниот медал во Париз. 

Искусниот стратег беше искрен и рече дека не би сакал никого да провоцира, но смета дека според сѐ што прикажаа, Србија и Германија заслужиле да играат финале на Олимписките игри. 

„Многу јасно се гледа дека двете селекции заслужија да бидат дел од финалето. Не сакам да провоцирам никого, но нештата се многу јасни. Сега е време да го прославиме големиот успех, сепак освоивме бронзен медал и тоа не е воопшто за потценување. Имавме исклучително силна конкуренција и затоа сум горд на моите момчиња. 

Немам никакви планови за иднината, првпат во мојот живот. Можеби ќе заминам во пензија, но можеби и ќе продолжам да работам. Сега ќе земам малку одмор, а потоа ќе видиме.

Сите знаат дека јас секогаш сум подготвен да ѝ помогнам на српската кошарка. Важно е да ги анализираме сите недостатоци и предности, за да бидеме уште поуспешни на следните Олимписки игри во Лос Анџелес, изјави Пешиќ.

Србија помалку несреќно загуби во полуфиналето од „дрим-тимот“ на САД, а во мечот за бронзениот медал без поголеми проблеми славеше над Германија со двоцифрена разлика.