Пешиќ: Не ги „палете“ навивачите, мечот со Американците ќе биде пеколно тежок

Репрезентацијата на Србија ќе се соочи со силниот „дрим-тим“ на Соединетите Американски Држави уште во групната фаза на Олимписките игри во Париз. 

„Орлите“ ќе настапат со првата ѕвезда, Никола Јокиќ, но селекторот Светислав Пешиќ малку ги смирува страстите и изјави дека јавноста мора да има реални очекувања за нивниот настап на кошаркарскиот турнир. 

„Медиумите секогаш сакаат да ги „палат“ навивачите, тие само долеваат масло на огнот. Не велам дека е лошо да бидеме оптимисти, но мора да сме реални и да кажеме дека дуелот со Соединетите Американски Држави ќе биде исклучително тежок. 

Имаме одлична селекција со многу добри играчи, но Соединетите Американски Држави доаѓаат со можеби најсилниот состав во историјата. Ќе одиме чекор по чекор и нема да летаме во облаци. Сакаме да играме за златниот медал, но патот дотаму не е воопшто лесен“, рече Пешиќ. 

Србија во групната фаза за противници ќе ги има селекциите на Соединетите Американски Држави, Порто Рико и Јужен Судан. Избраниците на Пешиќ се вбројуваат меѓу гланвните фаворити за пласман меѓу четирите најдобри.