ВИДЕО: Пешиќ на чекор до титула, Барса прв финалист на Ендеса лигата

Светислав Пешиќ се наоѓа на чекор до исполнување на целта заради која пред неполни две години дојде во Барселона. Каталонскитот гигант, воден од најкорисниот кошаркар на Ендеса лигата - Никола Миротиќ, полесно од предвиденото го совлада тимот на Сан Пабло од Бургос 98-84 (23-17, 20-24, 29-17, 26-26).

  • Извештај од натпреварот: 

Во текот на сите 40 минути фаворитот беше во водство и само во вториот квартал, Сан Пабло беше рамноправен. Екипата која го елиминира Реал Мадрид немаше енергија да парира под обрачите, а и кошаркарите од клупата на Барса беа додадена вредност.

Миротиќ со 18, Курик со 16 и Ертел со 12 поени беа најефикасни поединци кај победничката екипа, а Бразилецот Агите со 16 и Агиљар со 13 поени се истакнаа кај поразениот тим од Бургос.

  • Потег на натпреварот: 

Противник на Барса во натпреварот за титула ќе биде поуспешниот од дуелот Басконија - Валенсија, кој се игра вечерва од 20:00 часот. Големото финале е во вторник навечер во празната арена во Валенсија.