Пешиќ: Каква оставка, јас седнав на клупата кога никој не сакаше – ова не е фудбал!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, соопшти дека нема да поднесе оставка по елиминацијата на тимот во осминафиналето на Евробаскетот, нагласувајќи дека има договор со Федерацијата кој важи до крајот на месецот, по што ќе седне и ќе донесе одлука дали да ја продолжи или прекине соработката.

Трофејниот стручњак изгледаше доста смирено откако Србија беше елиминирана од Финска и по вторпат во низа ги завршува настапите на Европските првенства уште во првото коло од нокаут-фазата.

„Никогаш не поднесувам оставка. Каква оставка!? Зошто да поднесам оставка!? Дојдов да го средам ова кога никој не сакаше. По Олимписките игри во Рио никој не сакаше да дојде на клупата на Србија, јас го прифатив предизвикот затоа што чувствувам одговорност кон играчите. 

Имам договор до крајот на септември, па ќе седнеме и ќе разговараме. Подготвен сум за секаков договор, но нема да поднесам оставка! Ова не е фудбал, ова е кошарка“, им рече селекторот Пешиќ на новинарите веднаш по слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. 

Србија беше главен фаворит за трофејот на Евробаскетот, но по повредата на Богдан Богдановиќ многу работи се променија во играта на „орлите“.

ФОТО/PHOTO: FIBA