Пешиќ: Играчите мора да научат да играат за Србија, секој меч како да е последен

Кошаркарите на Србија доживеаја тежок пораз во квалификациите за Светското првенство, по пресврт од Белгија (73-69). Иако водеа и двоцифрено, „орлите“ не успеаја да ја задржат концентрацијата до крајот, а критики за тимот имаше селекторот Светислав Пешиќ.

„Белгијците заслужија победа. Делуваше дека имаме контрола, ама направивме повеќе од десет грешки и го вративме ривалот во игра. На многу играчи ова им е првпат во репрезентативниот дрес и мора да научат како се игра за него. Тука се игра поинаков систем од клупскиот, се игра секој натпревар како да е последен“, изјави Пешиќ.

По две рунди во квалификациите Србија има победа и пораз, а следните задолженија ќе ги има во февруари во двомеч со Словачка