Пешиќ го пречкрта Теодосиќ за Евробаскетот во септември!

Србија на Европското првенство во кошарка во септември ќе настапи без капитенот Милош Теодосиќ, како и досега во квалификациските натпревари за Мундобаскетот. Ова е одлука на селекторот Светислав Пешиќ, па на натпреварите против Турција и Грција ќе влезе без актуелниот предводник на Виртус.

Теодосиќ дојде на подготовките и се одзва на поканата, како што беше случај во претходните петнаесет години кога беше репрезентативец. Сепак, искусниот Пешиќ реши да продолжи без досегашниот лидер на генерацијата. Теодосиќ за Србија дебитираше во 2007 година под водство на Зоран Славниќ, а подоцна, со Александар Ѓорѓевиќ како селектор, освои сребро на Мундобаскетот во Шпанија во 2014 година, како и сребро на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

На Евробаскетот во 2013 и 2017 година не настапи поради повреди.