Пешиќ доби огромно засилување, во Барса пристигнува европски првак

Кори Хигинс

Американскиот кошаркар Кори Хигинс потврди дека ја напушта екипата на ЦСКА Москва по четири години.

Негова нова средина ќе биде Шпанија, поточно тимот на Барселона. Светислав Пешиќ, тренерот на Каталонците, ќе добие големо име во својот ростер со кое се надева на европски успех наредната сезона.

29-годишникот се збогува со соиграчите по триумфот против Химки (3-0) во финалната серија на ВТБ лигата.

Со „армејците“, Хигинс освои две титули во Евролигата и три пати беше шампион на Русија.

Неговата плата ќе изнесува 1,7 милиони долари по сезона. Покрај Хигинс, каталонскиот победник на Купот на Кралот потпиша договор и со Брендон Дејвис од Жалгирис