• Саше Љолес
Регионалната кошаркарска АБА лига се нaјде под остра критика од еден од најискусните тренери и познавачи на спортот, легендарниот Светислав Пешиќ.
Популарниот „Кари“ смета дека средбите во АБА лигата привлекуваат публика претежно поради навика, а не поради вистински спортски мотиви.
„Никогаш не сум бил против АБА лигата, како што мислат одредени луѓе. Јас само сум реален и кажувам дека ова натпреварување е малку преценето. За мене иднината на српските клубови лежи во силна домашна, а не регионална лига. Долгите патувања до Сплит, Задар и Љубљана се контрапродуктивни за тимовите“, изјави трофејниот тренер.
Пешиќ потенцира дека навистина големо внимание гледачите посветуваат само кога на теренот се најголемите ривали од Белград, покажувајќи дека останатите дуели не успеваат да создадат силен публицитет и интерес.
Тој смета дека е време да се размисли за нови модели на натпреварување кои повеќе би ја стимулирале кошаркарската заедница и развојот на клубовите, особено на младите играчи, а не да се остане на статус квото што не дава видлив напредок.




