„Перо Антиќ е голем, многу ми даде и помогна – тој е број еден соиграч за мене!“

Словенечкиот кошаркар Ален Омиќ во интервју за „Basketball Sphere“ говореше на повеќе теми, а меѓу нив се најде и името на македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Поточно, се работи за периодот во Црвена Звезда, во кој за Омиќ, негов најдобар соиграч бил толку Македонецот.

„Кога би можел да издвојам еден човек кој баш ми се допаѓаше тоа беше дефинитивно Перо Антиќ. Се грижеше за мене, ми даде многу, секогаш ми помагаше, така да за мене тој е број еден соиграч“, изјави Омиќ.

Во моментов Омиќ настапува во турскиот шампионат, додека Перо Антиќ е во пензија и својата кариера ја заврши во 2018 година токму во редовите на Црвена Звезда.