Перфектниот ноември не остана незабележан: Шортс е МВП на месецот во Евролигата

Бурниот ноемвриски календар во Евролигата донесе серија на изненадувања и непредвидени резултати. Но, едно име, кое првпат игра во најсилното клупско натпреварување во светот отскокна од останатите.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, член на Париз, е избран за најкорисен играч (МВП) за месец ноември во Евролигата.

Шортс во пет натпревари во ноември оствари просек од 19,6 поени и 8,4 асистенции по натпревар. Со таквите настапи, тој го предводеше францускиот тим до пет победи.

Најдобриот настап го оствари против Барселона кога Париз победи, а тој забележа 24 поени и девет асистенции.