ВИДЕО: Пеп и кошарката одат заедно - Сакраменто одигра акција во стилот на Гвардиола

Сакраменто

Денешниот фудбал ја прифати револуционерната филозофија на Пеп Гвардиола и започна да се темели на тактиката со многу посед и додавања.

Шпанецот е инспирација за голем број на тренерски имиња ширум Европа, кои се обидуваат на секој начин да ги копираат неговите успеси со Барселона, Баерн Минхен и сега со Манчестер Сити. Кога тој се наоѓа на клупата, убавиот фудбал е загарантирана работа, па љубителите на фудбалската игра не кријат дека уживаат кога ги следат натпреварите на неговите екипи.

Некои од фановите се толку опседнати со Гвардиола, што ја користат секоја ситуација за да му оддадат почит. Таков беше случајот по НБА дуелот помеѓу Сакраменто и Орландо кој донесе акција „украдена“ од тренерските книги на шпанскиот стратег.

Само овој пат на местото на Меси, Чави и Иниеста, акцијата ја креираа кошаркарите на Кингси: