Пензионираниот Бјелица доби сериозна функција во турски суперлигаш

Немања Бјелица пред само еден месец објави крај на својата плодна кошаркарска кариера, но веднаш доби сериозен ангажман и ја прифати понудата од турскиот клуб, Башакшехир, каде ќе ја извршува функцијата на спортски директор. 

Клубот ја објави информацијата на својот официјален веб-сајт и му посака добредојде на Србинот, од кого се очекува подобрување на играчкиот кадар и резултатите на тимот. Детали околу должината на договорот не се познати, но се претпоставува дека се работи за двегодишна соработка. Башакшехир има амбициозна управа, клубот првпат влезе во турската Суперлига пред шест години и има големи планови за иднината, а искуството и познанствата на Бјелица би можеле да помогнат за напредокот. 

35-годишниот Бјелица имаше блескава кариера, освои шампионски прстен во НБА лигата и сребрен медал со Србија на Европското првенство в 2014 година, а клупската кариера ја мина низ гиганти како Голден Стејт, Сакраменто, Минесота, Мајами, Црвена Звезда, Басконија и Фенербахче