ФОТО: Пелистерци се пофалија со засилувањата, екипата заминува на турнир во Бугарија

Македонскиот кошаркарски вицешампион, битолски Пелистер официјално ги претстави новите засилувања за сезоната 2022/23. Екипата на Марјан Илиевски драстично го менуваше ликот, но се надева дека пак ќе влезе со големи амбиции во домашните натпреварувања и АБА2 лигата.

Битолчани ги сменија странците, а во клубот се вратија неколку кошаркари од школата. Хаџифејзовиќ, Мустафица, Сапунџиев, Јовановски, Ристовски, Двојаковски и Американците Донтеј Карутерс и Рајл Овенс се новајлиите во тимот на Пелистер. 

За разлика од минатата сезона, во која пелистерци во четири натпревари ја загубија финалната сезона од МЗТ Скопје, дресот на клубот повеќе нема да го носат: Кесар, Малешевиќ, Крстајиќ, Хотон, Младеновиќ и Ѓуроски.

В четврток битолчани заминуваат на турнир во Плевен, а по враќањето ќе одиграат два тест натпревари со Кожув. Шампионатот почнува на осми септември, а во првото коло Пелистер гостува кај Гостивар.