Пелистерци пристигнаа на Златибор, првиот тест против Чачак 94

Кошаркарите на Пелистер од денес се во Златибор, каде ќе ја минат централната фаза од подготовките за новата сезона. Избраниците на Марјан Илиевски седум дена ќе престојуваат во српскиот планински центар и за првпат во новиот состав ќе одиграат контролни натпревари.

Македонскиот вицешампион ќе се сретне со Чачак 94 и Сутјеска на српската турнеја. Битолчани преку овие тренинзи ќе ја брусат формата и ќе го воигруваат тимот кој е целосно нов во споредба со минатата сезона.

Нови имиња во зелениот дрес во сезоната која почнува на први октомври се уште Александар Костоски, Амар Хот, Лука Стојановски и Американците Малколм Бернард, Ламар Норман Џуниор и Кристијан Банди.

Првото коло од новиот шампионат на Македонија почнува на први октомври, а веќе на деветти октомври се игра и првиот „балон“ на АБА2 лигата.