Пелистер во пријателски дуел го надигра Куманово

Кошаркарските екипи се уште ја немаат стартувано сезоната, па мора да играат пријателски натпревари. Куманово и Пелистер се судрија во тест-меч, во кој поуспешни беа битолските „зелени“ (77-92).

Избраниците на Илиевски се покажаа доста добро во нападот и ја однесоа победата за Битола. Водеа константно, а во финишот разликата меѓу двата тима достигна 14 поени. Најдобар кај победникот беше Вилијамс со 16 поени, го следеа Кесар со 15 и Трајковски со 13 поени.

Во листата на стрелците со двоцифрен учинок кај Пелистер беа уште Стајиќ со 12 и Нацевски со 10 поени. Кошаркарската сезона не стартуваше на почетокот на октомври според планот поради коронавирус во екипите, а претрпе две одложувања.

Пелистер со нетрпение го чека стартот, затоа што ростерот на Илиевски е солиден и се цели високо на табелата.