Пелистер со победа ги отвори тестовите во БиХ

Кошаркарскиот клуб Пелистер добро започна на подготовките во Босна и Херцеговина и славеше на првиот пријателски дуел.

Избраниците на Марјан Илиевски во првиот дуел со Леотар дојдоа до триумф од 82-76. Во текот на целиот натпревар битолчани имаа контрола на играта и заслужено дојдоа до посакуваниот триумф.

Најдобар кај Пелистер беше Нацевски со 14 поени, Кесар уфрли 12, а Зекири и Стајиќ имаа по десет постигнати поени.

Следна контрола за Пелистер во БиХ ќе биде дуел со Чапљина в петок, а за крај е закажан мечот со Зрињски в недела.